Во духот на Новогодишните и Божиќните празници, денес дел од дечињата од детската градинка – објект „Срничка“ ја посетија општината, носејќи со себе празнична атмосфера, искрени насмевки и детска радост.
Како што соопшти Тони Тоневски, посетата внесе топлина и ведрина во општинските простории, потсетувајќи дека децата се срцето и иднината на секоја заедница.
„Нивната енергија и безгрижна радост се најубавиот симбол на празничниот дух и надежта за подобра иднина“, порача Тоневски, упатувајќи искрени желби за среќна, здрава и успешна Нова година, исполнета со љубов и детска смеа.
Тој упати и посебна благодарност до вработените во детската градинка „Срничка“ за нивната грижа, посветеност и секојдневна љубов што ја вложуваат во воспитувањето и развојот на најмладите.







