Секако дека централен настан во 33.коло и последно во сезоната 2025/26 беше дербито Вардар – Шкендија и убедливата победа на новиот шампион со 3:0, сепак според “СпортСпорт“ играч на колото е Никола Величковски. Брера успеа да го победи Шкупи со 6:0, очекувано, но дури четири од тие шест гола беа дело на младиот напаѓач и тоа во 23.минута, 62., 71. и 90.минута.
Токму затоа Велчковски од Брера е играч на ова 33.коло.
Во тимот на колото се и Талески, Матиќ, Јанкулов, Николов и Закариќ (Вардар), Лавал (Тиквеш), Србијанац (Пелистер), Дардишта и Бешагиќ (Арсими), Гереро (Македонија ЃП).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
НИКОЛА ВЕЛИЧКОВСКИ
Тим: Брера
Роден: 13.09.2005 во Скопје
Кариера: Вардар, Работнички, Македонија ЃП, Септември, Брера








