домаМакедонијаТетовскиот базен повторно отворен за граѓаните, воведени и посебни термини за жени...

Тетовскиот базен повторно отворен за граѓаните, воведени и посебни термини за жени и девојки

- Advertisement -spot_img

Градскиот базен во Тетово повторно е ставен во функција и ги пречекува посетителите со почетокот на летната сезона. Од Општина Тетово информираат дека интересот за користење на базенот расте, особено за време на викендите кога бројот на посетители е најголем.

Базенот ќе работи од понеделник до петок од 08:30 до 16:30 часот, додека за време на викендите работното време е од 09:00 до 21:00 часот.

Во распоредот се предвидени и посебни термини наменети исклучиво за жени и девојки. Така, секоја среда и сабота до 12:00 часот базенот ќе биде достапен само за нив, по што ќе продолжи да работи за сите посетители.

Раководителот на Одделението за спорт во Општина Тетово, Мухамед Авзиу, посочува дека базенот го користат граѓани од различни возрасни категории – деца, родители, рекреативци и лица кои пливањето го практикуваат како дел од рехабилитација или поради здравствени причини.

Покрај постојниот базен, во Тетово се градат уште два нови базени, едниот во средното училиште „Кирил и Методиј“, а другиот во училиштето „Наим Фрашери“. Очекувањата се тие да придонесат за подобрување на спортско-рекреативната инфраструктура во градот и да обезбедат подобри услови за учениците и граѓаните.

Од локалната самоуправа очекуваат базенот и во текот на летото да остане едно од најпосетените места за рекреација и разладување во градот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img