Тешко повреден турски државјанин бил донесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и починал по приемот. Од Клиничкиот центар било пријавено во полиција дека со приватно возило од едно лице кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 61 годишен маж, турски државјанин.
Откако повредениот бил оставен, лицето со возилото веднаш заминало. Повредениот околу 19 часот и 30 минути, вчера, починал, а лекар констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот.







