Потпретседателот на Владата и министер за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, се наоѓа во тешка здравствена состојба, а лекарите посочуваат дека наредните 72 часа се клучни за неговиот живот.
Д-р Спасоје Поповиќ, помошник раководител на Клиниката за пулмологија при Клиничкиот центар на Србија и еден од лекарите кои се грижат за него, изјави дека Дачиќ е на респиратор и има билатерална пневмонија.
„Тој е на респиратор, има воспаление на белите дробови на двете страни и ја прима целосната неопходна терапија. Се бориме за неговиот живот и наредните 72 часа се клучни“, изјави д-р Поповиќ, пренесуваат српските медиуми.
Според првичните информации, состојбата на министерот нагло се влошила во последните денови, особено во последните неколку часа.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го посетил Дачиќ во болницата, каде што се лекува во тешка состојба.








