домаРегионТешка несреќа во Белград: Трамвај се заби во зграда, има повредени

Тешка несреќа во Белград: Трамвај се заби во зграда, има повредени

- Advertisement -spot_img

Во белградската населба Дорќол утрово се случи тешка сообраќајна несреќа која ги вознемири жителите на овој дел од градот.

Трамвај од засега непознати причини изгубил контрола, излетал од шините и силно пролетал низ раскрсницата, по што удрил директно во аголот на една станбено-деловна зграда.

Првите фотографии од теренот пристигнаа набрзо по ударот, а глетката од Дорќол е драматична. Предниот дел на трамвајот е целосно смачкан од силината на ударот во фасадата на објектот.

Делови од шофершајбната и прозорците се расфрлани насекаде по улицата, а тротоарот е покриен со скршено стакло, шут и парчиња бетон кои отпаднале од зградатa.

На самото место се наоѓаат повеќе возила на Брза помош, полицијата, како и противпожарни екипи кои помагаат во расчистување на теренот.

Според информациите од теренот, во оваа несреќа има повредени лица. Лекарските екипи во моментов им укажуваат прва помош на повредените патници на самиот асфалт, по што тие ќе бидат транспортирани во Ургентниот центар. Точниот број на повредени и степенот на нивните повреди засега не се официјално потврдени.

Од ГСП (Градското сообраќајно претпријатие) и полицијата апелираат до возачите да го избегнуваат овој дел од градот. Сообраќајот на аголот меѓу улиците „Цар Душан“ и „Книќанинова“ е во целосен колапс и е прекинат во двата правци додека трае увидот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img