домаХроникаТЕЛОТО ГО ПРОНАШЛЕ СПАСУВАЧИТЕ - Трагедија во „Долината на смртта“

ТЕЛОТО ГО ПРОНАШЛЕ СПАСУВАЧИТЕ – Трагедија во „Долината на смртта“

- Advertisement -spot_img

Француски турист го загуби животот откако со својот сопатник остана заглавен со автомобил на екстремно високи температури во познатиот Национален парк „Долина на смртта“ во Соединетите Американски Држави, пренесува Си-Ен-Ен.

Трагедијата се случила кога Пјер Мишел Формоза и неговиот сопатник се возеле по локален пат, каде што нивното возило се заглавило во кал. Бидејќи во близина немало други возила ниту телефонски сигнал, двајцата одлучиле пешки да тргнат преку солените рамнини за да бараат помош. Меѓутоа, додека температурата тој ден достигнала пеколни 46,6 степени Целзиусови, Формоза дехидрирал и се срушил по само два изминати километра. Неговиот пријател продолжил сам и успеал да наиде на друг автомобил, по што веднаш ја алармирал спасувачката служба.

И покрај брзата интервенција со хеликоптер и копнени екипи, спасувачите само можеле да констатираат смрт кога го пронашле телото на францускиот турист.

Управникот на националниот парк, Мајк Рејнолдс, изрази длабоко сочувство до семејството и предупреди дека овој трагичен настан е суров потсетник за тоа колку брзо условите во оваа пустина можат да станат фатални. Во Долината на смртта моментално е на сила предупредување за екстремни жештини со температури кои достигнуваат речиси 48 степени.

Спасувачките служби потсетуваат дека ова е најтоплото и најсувото место во Северна Америка, каде што покриеноста со мобилна мрежа речиси и да не постои. Тие повторно апелираат до сите посетители: во случај на дефект или заглавување, најсигурно е да се остане во или до возилото. Автомобилот обезбедува каков-деков лад и заштита, а за спасувачките тимови е десеткратно полесно да забележат автомобил од воздух отколку осамен пешак во пространата пустина.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img