Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски остварил телефонски разговор со новоименуваната министерка за надворешни работи на Бугарија, Надежда Нејнски, соопшти тој преку објава.
„Денес остварив телефонски разговор со новоименуваната министерка за надворешни работи на Република Бугарија, Надежда Нејнски“, наведе Муцунски.
Тој додаде дека упатил честитки за нејзиното именување и ѝ посакал успех во работата. „Упатив искрени честитки по повод нејзиното именување и ѝ посакав успех во извршувањето на функцијата“, напиша Муцунски.
Во разговорот, како што посочува министерот, бил нагласен принципот на добрососедство во односите меѓу двете земји.
„Во разговорот нагласив дека односите меѓу двете земји треба да се градат врз принципите на добрососедство, пријателство и конструктивна соработка“, наведе Муцунски.
Тој информираше дека иницирал и билатерална средба со бугарската министерка.
„Воедно, иницирав билатерална средба која би се реализирала во наредниот период“, се наведува во објавата на Муцунски.








