домаРегионСудири со полицијата на протестите во Анкара во пресрет на самитот на...

Судири со полицијата на протестите во Анкара во пресрет на самитот на НАТО

- Advertisement -spot_img

Во Анкара избувнаа судири меѓу демонстранти и полицијата во пресрет на самитот на НАТО, кој ги собира лидерите на земјите членки на Алијансата. Протестите беа организирани од левичарски групи и активисти кои се противат на политиките на НАТО и на воените интервенции на Алијансата. 

Според турските власти, полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои се обиделе да го пробијат безбедносниот кордон. За време на протестите биле приведени повеќе од 100 лица, додека во главниот град се воведени засилени безбедносни мерки, блокирани се улици и забранети се јавни собири во одредени делови од Анкара. 

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, пред почетокот на самитот изјави дека правото на мирен протест и слободата на медиумите се темелни демократски вредности што треба да се почитуваат, нагласувајќи дека демократијата не се сведува само на избори. Неговата изјава следуваше по критиките за приведувањето активисти, новинари и други лица во деновите пред самитот. 

Турските власти, пак, тврдат дека приведувањата се дел од антитерористички операции и дека немаат директна врска со одржувањето на самитот. Во меѓувреме, организациите за човекови права предупредуваат дека ограничувањата на протестите и апсењата дополнително ја зголемуваат загриженоста за состојбата со граѓанските слободи во земјата. 

Самитот на НАТО се одржува во услови на зголемени геополитички тензии, а главни теми на разговорите се безбедноста во Европа, поддршката за Украина, одбранбените инвестиции и состојбата на Блискиот Исток. 

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img