Оставка на Јадранка Дабовиќ Анастасовска од функцијата судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија е официјално доставен до Собранието.
Професорката од Правниот факултет „Јустинијан Први“, Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, беше избрана за судијка во Уставниот суд на 12 декември 2023 година. Таа дојде на местото на пензионираниот судија Јован Јосифовски.
Оставката е поднесена поради здравствени и лични причини.
Собранието треба да расправа за понатамошната постапка по доставениот материјал.







