домаМакедонијаСудење во Салцбург: Македонец и Босанец обвинети за шверц на седум килограми...

Судење во Салцбург: Македонец и Босанец обвинети за шверц на седум килограми кокаин

- Advertisement -spot_img

Пред судот во Салцбург започна судскиот процес против двајца 46-годишни мажи, државјани на Северна Македонија и Босна и Херцеговина, обвинети дека во 14 наврати прокриумчариле вкупно седум килограми кокаин од Балканот во Австрија. На првото рочиште одржано во вторникот, двајцата обвинети ги отфрлија главните обвиненија за шверц.

Според обвинителството, во периодот меѓу пролетта 2024 и 2026 година, двајцата мажи во седум наврати пренесувале по половина килограм кокаин, наменет за пазарот во Салцбург, објави 4news.mk

Првообвинетиот признава трговија, но во помали количини

Првообвинетиот македонски државјанин, кој десет години живее во Австрија но сè уште слабо говори германски јазик, признал поседување и продажба на дрога, но тврди дека количините биле значително помали од оние наведени во обвинителниот акт. При претрес во неговиот дом, полицијата веќе запленила околу 800 грама кокаин.

Судијката ги коментираше неговите јазични познавања забележувајќи дека „барем во притвор ќе има можност да научи германски“.

Второобвинетиот негира шверц, се соочува и со финансиски криминал

Второобвинетиот, автомеханичар со потекло од БиХ кој течно говори германски, ги отфрли обвиненијата за шверц и препродажба, тврдејќи дека бил само конзумент.

Покрај обвиненијата за дрога, тој се соочува и со сериозни обвиненија за економски криминал од периодот кога поседувал сопствена автомеханичарска фирма:

Издавање лажни сметки: Се товари дека оштетил друга компанија за 400.000 евра.
Злоупотреба на средства: Се сомничи дека префрлил околу 600.000 евра од фирмената сметка за приватни потреби, оштетувајќи ги сопствените доверители.
Неговата одбрана тврди дека обвинетиот ја користел сметката, но не се стекнал со лична корист. Судскиот процес продолжува.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img