Зголемен е бројот на деца со респираторни инфекции…Во детската болница Козле само дневно се вршат и по стотина прегледи. Покачена температура и отежнато дишење се најчестите симтоми кај децата кои доаѓаат на лекар, а претшколските и школските деца се најмногу на удар.
„Имаме и зголемен број на хоспитализации , тие што имаат потреба се разбира, прво ордининраме антибиотска терапија за дома дококлу се работи за бактериска инфекција додека тие што имаат потреба од хоспитализација и кислород ги хоспитализираме, во моментот во нашата болница се хоспитализирани шеесетина пациенти“…. “
Загадениот воздух дополнително влијае врз дишните патишта кај децата, а есента велат лекарите е проблематична и за децата со астма и алергии кај кои може да се јават компликации.
Д-р Љуљета Мустафа Рамадани – Детска болница Козле
„Сега веќе и алергиите и астмите се активни – есента е карактеристична за тие пациенти, тие што имаат астма по препорака да ја примаат редовно својата терапија за да не дојде до влошување“….
Според последниот извештај на институтот за јавно здравје, за една недела регистрирани се 117 случаи на грип и слични заболувања, а најмногу заболени има во Гостивар, Куманово и Тетово.








