5.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeЕкономијаСточарите велат дека има исплата на премијата за произведено и предадно млеко...

Сточарите велат дека има исплата на премијата за произведено и предадно млеко по литар

- Advertisement -spot_img

Сточари за Зелена берза велат дека денеска има исплата на премијата за произведено и предедено млеко по литар во откупни центри, висината на директните плаќања изнесува 6 денари по литар за кравјо млеко и 7 денари по литар за овчо и козјо млеко. Според нив премијата е исплатена само за три месеци од почетокот на годината, јануари, февруари и март.

-Платежната агенција се пофали дека ќе бидат исплатени пари за шест месеци, а не за три, но како стигнуваат пари на сметките на сточарите се гледа дека премијата е исплатена за три месеци. Ова не е во ред, сточарите се револтирани вели Тони Петковски – Паша од село Велушина.

Според него сега им се потребни парите за да купат храна за стоката.

-На стартот сме на прибирање на силажа за стоката, сточарите мора да купат храна за стоката и сега им требаат парите, вели сточарот од Велушина .

МЗШВ објави официјално дека исплатата на премијата е за месеците јануари, февруари, март 2025 година

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата по основ на произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година.

Исплатени се 3.686 млекопроизводители со вкупен износ од 147.822.692,00 денари.

Исплатата е извршена на земјоделските стопанства – производители на кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози и произведеното млеко го имаат предадено на регистрирани откупувачи на сурово млеко во месеците јануари, февруари, март 2025 година.

Висината на директните плаќања изнесува 6 денари по литар за кравјо млеко и 7 денари по литар за овчо и козјо млеко.

zelenaberza

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img