Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска беше објавена пресудата за Стојанче Јовановски, обвинет за телесни повреди во рамки на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување и помагање во самоубиство, во случајот поврзан со трагедијата од 2 март кога животот ги загубија неговата сопруга Ивана Јовановска и шестгодишната ќерка Катја.
Јовановски е осуден на единствена затворска казна од 12 години, при што за секое од трите дела му е изречена максимална казна. Обвинителството побара тој да остане во притвор до правосилноста на пресудата.
Судењето започна кон крајот на март, а во текот на постапката беа презентирани аудио и видео материјали кои, според обвинителството, документираат физичко и психичко насилство.








