домаМакедонијаСтигнаа првите „честитки“ за моторџиите од Сејфт Сити

Стигнаа првите „честитки“ за моторџиите од Сејфт Сити

- Advertisement -spot_img

Системот „Безбеден град“ почна автоматски да ги детектира и мотоциклите кои се движат со брзина поголема од дозволената.

Пронајдено e техничко решение со кое прекршоците што ги прават мотоциклистите можат автоматски да бидат регистрирани на територијата каде што е имплементиран системот, објави 4news.mk

„Нека не се изненадат оние кои глумат дека се моторџии и не ги почитуваат правилата, дека ќе бидат предмет на санкционирање од страна на системот ‘Безбеден град’“, порача Тошковски.

Како што беше објаснето, целта на мерката е пред сè заштита на самите мотоциклисти, но и на останатите совесни учесници во сообраќајот.

Засега автоматското санкционирање кај мотоциклите се однесува на прекршоците за возење со недозволена брзина.

Надлежните очекуваат уште денес да ги имаат првите официјални податоци за бројот на мотоциклисти кои биле регистрирани и санкционирани преку „Безбеден град“.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img