5.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаСтејт департмент бара истраги и казни за трговците со луѓе

Стејт департмент бара истраги и казни за трговците со луѓе

- Advertisement -spot_img

Стејт департментот во најновиот извештај посочува дека во Македонија се вложуваат значителни напори, но земјата сè уште не ги исполнува целосно минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе.

Властите на Северна Македонија вложуваат значителни напори, но земјата сè уште не ги исполнува целосно минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе. Владата покажа генерално зголемени напори во споредба со претходниот период на известување, затоа Македонија остана на Ниво 2, се наведува во извештајот на американскиот Стејт департмент за трговијата со луѓе во светот за 2025 година.

Овие напори, според извештајот, вклучувале истрага на повеќе сомнителни случаи на трговија со луѓе и гонење на повеќе обвинети. „Владата ги зголеми целокупните напори за заштита, вклучително и идентификување на повеќе жртви, развивање нови стандардни оперативни процедури за мобилни тимови и зголемување на ресурсите за засолниште управувано од невладини организации за жртви на трговија со луѓе. Доделени се средства за фондот за компензација на жртвите, формирана е комисија за судење на случаи и воспоставена е група составена од преживеани за давање препораки за напорите против трговијата со луѓе“, укажува Стејт департментот.

Сепак, не се исполните минималните стандарди во неколку клучни области. Стејт департментот забележува дека осудени се помалку трговци со луѓе, а Обвинителството за организиран криминал и корупција (ООККП) немало доволно ресурси за да ги реши сите случаи под негова надлежност.

„Некои локални полициски службеници и обвинители не ги упатија потенцијалните случаи на трговија со луѓе до Работната група за борба против трговијата со луѓе или до Обвинителството и користеа обвиненија за прекршоци со поблаги казни за гонење на трговците со луѓе“, се нотира во извештајот. Исто така, се забележува дека Владата не издвоила средства за мобилни тимови кои ги идентификуваат повеќето потенцијални жртви секоја година, и покрај претходните обврски за тоа.

„Не е обезбедена специјализирана помош за машките жртви и немаше долгорочни услуги за поддршка за сите жртви. Продолжува и сместувањето на странски потенцијални жртви во транзитниот центар без слобода на движење“, се наведува во извештајот.

Во него се посочени и препораки за подобрување на состојбата во Македонија, меѓу кои: енергично истражување, гонење и процесуирање на кривичните дела поврзани со трговија со луѓе, вклучително и оние во кои има соучесници, изрекување соодветни казни за осудените трговци со луѓе, што треба да вклучува и значителни затворски казни.

DW

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img