Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека неговиот мандат наскоро ќе истече и оти може да поднесе оставка. Сепак, вели дека нема да го скрати својот мандат како што некогаш тоа го правел поранешниот претседател Борис Тадиќ. Смета дека треба или претседателот да поднесе оставка или да биде на функцијата до крајот на мандатот, пишува српски Н1.
„Значи, можно е наскоро да поднесам оставка“, рече Вучиќ во изјава за новинарите во Пекинг на почетокот од неговата посета на Кина.
Во 2012 година, поранешниот српски претседател Борис Тадиќ, поднесе оставка, но, остана да ја врши функцијата до изборот на неговиот наследник извршувајќи само технички должности.
Тој исто така рече дека некои собири, осврнувајќи се на синоќешните на „Славија“, не можат да вознемират, особено кога се без добро осмислена содржина, празни и не се особено бројни, обвинувајќи ги организаторите на собирот за инциденти по неговото завршување.
Тој изјави дека три служби дале проценка за собраните демонстранти синоќа и оти тие се движеле од 30 500 до 34 300 илјади.
„Ние ја прифативме највисоката проценка, иако прецизните податоци покажуваат дека имало нешто помалку од 34 илјади присутни“, вели Вучиќ. Како што изјави, неговата Српската напредна партија ќе организира митинзи од 26 до 28 јуни, но „пораките што ќе бидат испратени до граѓаните се поважни од нашите бројки“.
Во врска со предлогот на германскиот канцелар Фридрих Мерц за побрза интеграција на Западен Балкан и Молдавија, со придружно членство за Украина, Вучиќ рече дека овој предлог не е особено добар за Србија.
„Важно е што германскиот канцелар излезе со нешто поинакво и нешто што е пореално. Не сум задоволен од содржината за Србија. Тоа е многу подобар предлог за Украина отколку за Србија“,
Вучиќ додаде дека „подобро е да ги отвориме нашите карти за да зборуваме искрено, отколку да слушаме бајки“.
„Тоа е добра вест, но во однос на суштината, секако може да се постигне напредок“,








