5.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeЕкономијаСредба Славески – Прескер: Потврда на значењето на Народната банка за економската...

Средба Славески – Прескер: Потврда на значењето на Народната банка за економската стабилност

- Advertisement -spot_img

Скопје, 16 септември – Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Неговата Екселенција Грегор Прескер и со економскиот советник Горан Криж.

Во разговорот беше истакната улогата на Народната банка во одржувањето на макроекономската стабилност и значењето на довербата во финансискиот систем за економскиот развој и инвестициите.

Гувернерот Славески ја истакна посветеноста на Народната банка кон овие принципи, додека амбасадорот Прескер ги нагласи долгогодишните добри дипломатски и економски врски помеѓу двете економии, особено во финансискиот сектор каде што активно се вклучени голем број реномирани словенечки компании.

Во однос на финансискиот сектор, гувернерот Славески се осврна на заложбите на Народната банка за намалување на надоместоците на банкарските услуги, заради обезбедување подостапни финансиски услуги за сите економски субјекти. Амбасадорот Прескер искажа задоволство од заложбите на Народната банка и ја потврди понатамошната поддршка од Словенија, вклучително и преку центарот за обуки ЦЕФ.

Средбата претставува можност за продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји и унапредување на соработката.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img