Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со претставници на здружението за заштита на животни „Анима Мунди“.
На состанокот се разговараше за состојбата со бездомните животни во главниот град и за можните решенија со цел хуман третман и подобрување на условите за нивно згрижување.
Претставниците на „Анима Мунди“ ги изнесоа своите ставови и предлози за системски пристап во справување со овој проблем, при што беше истакната потребата од соработка помеѓу институциите и граѓанските организации.Ѓорѓиевски изрази подготвеност за понатамошни разговори и заеднички активности кои би придонеле кон поефикасно справување со предизвиците што произлегуваат од зголемениот број бездомни животни во Скопје.
Од двете страни беше нагласено дека темата бара долгорочни и одржливи решенија, засновани врз законските прописи и практики што обезбедуваат заштита и благосостојба на животните.









