-1.2 C
Skopje
2 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeРегионСрбија под удар на дожд и обилен снег: Надлежните со предупредување до...

Србија под удар на дожд и обилен снег: Надлежните со предупредување до возачите

- Advertisement -spot_img

ЈП „Патишта на Србија“ упати сериозен апел до сите учесници во сообраќајот да го одложат патувањето доколку нема итна потреба, поради најавениот леден дожд и обилните снежни врнежи што се очекуваат во ноќта меѓу сабота и недела.

Според информациите од Републичкиот хидрометеоролошки завод, во текот на ноќта меѓу 3 и 4 јануари се прогнозира дожд кој ќе замрзнува при допир со тлото, создавајќи опасни услови за сообраќај. Истовремено, во северните и источните делови на Србија се очекуваат поинтензивни снежни врнежи.

Од „Патишта на Србија“ предупредуваат дека патиштата може да бидат лизгави и тешко проодни и апелираат возачите кои сепак ќе се упатат на пат да имаат задолжителна зимска опрема, вклучително и синџири, како и строго да ги почитуваат сообраќајните ограничувања и препораките на надлежните служби.

Надлежните служби се на терен и ја следат состојбата, а граѓаните се повикуваат редовно да се информираат за актуелната состојба на патиштата и временските услови.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img