Транснафта а.д. Панчево објави тендер за изградба на нафтовод од границата со Унгарија до Нови Сад, објавија српските медиуми. Тендерот се однесува на градежни работи и стручен надзор за реализација на проектот. Во документацијата се наведува дека изградбата на главниот нафтовод меѓу Унгарија и Србија е од национален интерес, со цел да се обезбеди диверзификација на увозните правци и побезбедно снабдување на домашниот пазар.
Во моментов, единствениот правец за увоз на нафта во Србија е преку Хрватска и нафтоводот Јанаф. Новиот нафтовод ќе овозможи на Србија да увезува нафта од Унгарија, низ која поминува нафтоводот Дружба, кој снабдува голем дел од Европа со сурова нафта. Проектот е наменет за транспорт на нафта од типот REB („Russian Export Blend“).







