Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во гостување на „Клик Плус“ на ТВ21 зборуваше за својот личен ангажман во зајакнувањето на Социјал-демократскиот сојуз и за позицијата на партијата во иднина.
На прашањето дали се гледа како лидер на СДСМ, Спасовски одговори дека функциите и позициите не се тоа што ја дефинираат улогата на лидерот. „Личниот придонес секој ден, односот кон СДСМ и кон членовите на партијата е тоа што ќе ја врати вербата на членовството“, истакна тој.
Спасовски додаде дека сите кои со децении се дел од СДСМ ја граделе партијата и дека нивната посветеност е мотивирана од љубовта кон СДСМ, а не од лични функции или позиции.
„И мене и сите други коишто со децении се членови на СДСМ, учествувале, растеле низ СДСМ, ја граделе СДСМ и така натаму и нас не боли за СДСМ“, нагласи тој.









