HomeСпортСП 2026: Мексико ја чека Македонија!

СП 2026: Мексико ја чека Македонија!

- Advertisement -spot_img

Познато е, ама уште еднаш да се потсетиме. Во случај Македонија да ги мине баражите против Данска вечерва а потоа со подобриот од дуелот Чешка – Р.Ирска на 31 март, ќе го оствари сонот и ќе се пласира на својот прв Мундијал кој се игра ова лето во Северна и Средна Америка од 11 јули до 19 јули.

Ждрепката е веќе извршена уште во декември и се знае дека нашата репрезентација би била во групата А заедно со Мексико, Јужна Африка и Јужна Кореја.

И се знае дека нашиот прв историски меч на СП би бил на 11 јуни, значи на првиот ден од Мундијалот и тоа против Јужна Кореја и тоа во Гвадалахара во Мексико. Следниот меч од групата е на 18 јуни во Атланта во САД против Ј.Африка а третиот и последен меч се игра на 24 јуни против Мексико на култниот “Ацтека“ во Мексико Сити.

Убаво е да сонуваме, убаво е да мечтаеме, зошто соништата некогапш се остваруваат, а Мексико ја чека Македонија.

Од ова произлегува, ако веќе се пласираме на Мундијалот, дека Македонија би имала одлична група, не така силни противници за остварување на добар резултат.

Сепак, прво ни требаат две победи, вечерва првата и уште една на 31 март.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img