Советот на јавни обвинители ќе побара објаснување од државниот јавен обвинител Ненад Савески, откако премиерот Мицкоски денеска рече дека разговарал со него за запирање на постапката за конкретен предмет – набавката на мазут за ТЕЦ „Неготино“.
Советот за овој разговор дознал преку медиумите. Од таму за 360 изјавиле дека ситуацијата внимателно се следи.








