Дупки, испукнатини, ѕидови кои се ронат и вода која протекува врз автомобилите. Ваква е состојбата под плоштадот скендербег во центарот на Скопје. Подолг период овој плоштад е во лоша состојба, но во последно време работите стануваат алармантни
Од Град Скопје за Телевизија 24 велат дека тие немаат ингеренции за горниот дел од плоштадот, под нивна надлежност бил само коловозот. Испративме прашања и од Општина Чаир, кога локалната самоуправа ќе излезе на терен да го санира долниот дел од плоштадот Скендербег, но до почетокот на овие вест, одговор не добивме.
– Ова е една од улиците по кои секој ден минуваат илјадници возила. Сега на нов тест се ставени институциите, што побрзо да превенираат и да ги санираат оштетувањата бидејќи доколку се случи некоја несакана ситуација, последиците би биле фатални.
Инаку, за овој плоштад беа потрошени околу 14 милиони евра, пари на граѓаните. Започна да се гради во 2012 а свечено беше пуштен пет години подоцна, односно во 2017 година од раководните кадри на ДУИ како тогашна локаљлна и централна власт. Помеѓу главните гости кои беа на свечената церемонија, беше и актуелниот градоначалник на Чаир Изет Меџити кој тогаш беше потпретседател на ДУИ.








