Синоќа во 19:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со 50-годишен маж од Скопје.
Како што се наведува во полицискиот билтен, службениот разговор со скопјанецот бил извршен, постапувајќи по претходна пријава дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар физички ја нападнал неговата 38-годишна сопруга, со која се во бракоразводна постапка.
Исто така, и 50-годишникот пријавил дека во семејниот дом бил физички нападнат од неговата 38-годишна сопруга, која фрлала разни предмети кон него.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






