На регионалниот пат Тетово – село Јажинце, кај селото Слатино, на 23 јануари 2026 година околу 11:20 часот се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки.
Возилата биле управувани од А.И. (33) од село Доброште и А.Х. (36) од село Нераште. Во несреќата двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди, додека сопатникот Б.А. (26) од село Нераште се здобил со телесни повреди.
Повредените се пренесени во Клиничката болница во Тетово, каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Тетово.








