домаМакедонијаСообраќајот на патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози

Сообраќајот на патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози

- Advertisement -spot_img

Во периодот од 14.04.2026 година Понеделник во 08:00 часот, ќе се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр. 7 Вијадукт на Дол, км 105+332 со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е сè уште затворен за сообраќај за сите видови возила.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img