Среќен сум што на денешната пленарна седница, по моја иницијатива и во согласност со скоро сите пратенички групи, Собранието ја усвои Декларацијата за фер, слободни и демократски избори, прва декларација од ваков вид, што се усвојува во Собранието.
Оваа декларација е јасна порака за сплотеност и одговорност пред локалните избори на 19 октомври. Декларацијата претставува водич за изборите да бидат натпревар на идеи и визии, а не на поделби и тензии. Тоа е повик за политичка култура, за овој процес да се спроведе со зрелост, мир и почит, избегнувајќи говор на омраза, корупција и секој обид за манипулација. Декларацијата нагласува дека улогата на медиумите во правичната промоција на идеите и платформите на кандидатите, со што се создава позитивна и достоинствена атмосфера за изборите, е од суштинско значење за процесот.
Убеден сум дека само обединети во овој изборен процес со посветеност кон демократските вредности ќе победиме сите ние, но и нашата заедничка држава,







