HomeРегионСнимка која го обиколи регионот: Полицаец шамараше малолетник кој беше на велосипед

Снимка која го обиколи регионот: Полицаец шамараше малолетник кој беше на велосипед

- Advertisement -spot_img

Полицајци од Полициската станица Запад во Тузла се под интерна истрага откако на социјалните мрежи се појави вознемирувачка снимка на која се гледа како еден од нив удира малолетник за време на службена интервенција.

Инцидентот се случил на 1 мај околу 17 часот, кога полицијата запрела малолетно лице родено 2010 година, кое управувало велосипед поради сообраќаен прекршок.

Според информациите од полицијата, при контролата бил констатиран и прекршок од областа на јавниот ред и мир. Сепак, на видеото кое брзо се прошири во јавноста се гледа моментот кога еден од полицајците физички го удира момчето, што предизвика бурни реакции кај граѓаните.

Од Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон соопштија дека случајот е предаден на Одделението за професионални стандарди, кое ќе ја испита постапката на службениците и ќе утврди евентуална дисциплинска одговорност.

Надлежните најавија дека по завршување на внатрешната проверка ќе бидат познати повеќе детали и можни мерки против инволвираните полицајци.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОЛЕДНЕТЕ ТУКА

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img