Комисијата на странски експерти ги потврди сомнежите на кардиологот Сашко Кедев – кај девет пациенти биле извршени непотребни операции на срце.
Комисијата оценила дека во одредени аспекти третманот и водењето на пациентите било под очекуваните професионални стандарди и можеби неповолно влијаеле на исходот кај пацицентите – станува збор за луѓе на возраст од 45 до 78 годишна возраст, а пропусти биле утврдени не само во приватните болници туку и во државните тврди министерот Алиу.
Извештаите ќе бидат доставени до владата, лекарската комора, но и до јавното обвинителство.








