8.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeРегионСловенскиот парламент изгласа поволности за македонските граѓани

Словенскиот парламент изгласа поволности за македонските граѓани

- Advertisement -spot_img

Словенија усвои измени на Законот за возачи, со кои на сопствениците на возачки дозволи издадени во Македонија им се овозможува замена на документот без полагање на практичниот дел од испитот, под услов да имаат регулиран престој во Словенија.

Оваа одлука, донесена вчера, претставува значително олеснување за македонските граѓани кои живеат и работат во Словенија, а исто така важи и за сопствениците на возачки дозволи од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Косово.

Според новите правила, возачите од Македонија ќе можат да ги заменат своите дозволи во рок од една година од датумот на пријавување престој во Словенија. Тие нема да мора да го полагаат практичниот дел од возачкиот испит, но сепак ќе треба да достават доказ за ментална и физичка способност за возење (здравствено уверение).

Сандра Газинковски од партијата Слобода, која беше претставник на предлагачите на законот, објасни дека целта не е воведување привилегии, туку отстранување на неоправдани административни пречки.

Тоа е административна пречка која ги забавува процедурите за вработување и им создава непотребни трошоци, чекање и дополнителни тестови на луѓето, изјави Газинковски, потенцирајќи дека мерката ќе го олесни животот на странските работници.

Сепак, опозицијата се спротивстави на овој закон, наведувајќи дека промената може да влијае на безбедноста во сообраќајот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img