домаРегионСловенија: Претседателот на Парламентот предлага референдум за напуштање на НАТО

Словенија: Претседателот на Парламентот предлага референдум за напуштање на НАТО

- Advertisement -spot_img

Претседателот на словенечкиот Парламент, Зоран Стевановиќ, смета дека расположението на народот треба да се провери во врска со членството на оваа земја во НАТО и предложи референдум за членството на Словенија во алијансата да се одржи истовремено со есенските локални избори.

„Со оглед на тоа што вчера ги објавив локалните избори за 15 ноември, поради огромните трошоци, на тој ден, заедно со сите други најавени референдуми, би можело да се одржи мега, каде што би можело да се постави прашањето за членството на Словенија во НАТО“, рече Стевановиќ во видео изјава објавена на официјалната X сметка на партијата Ресница.

Во исто време, тој изрази противење на испраќањето пари во Украина, откако премиерот Јанез Јанша на самитот на НАТО во Анкара во среда објави дека оваа година Словенија ќе издвои 50 милиони долари, или околу 44 милиони евра, за воена помош на Киев во рамките на иницијативата PURL.

„Овие 44 милиони се многу попотребни на самата Словенија во овој момент. И претходната влада ги фрлаше нашите пари во Украина четири години, а војната таму очигледно сè уште трае. Ако се стремиме кон мир, тогаш нешто мора да се промени“, рече Стевановиќ.

Денешната изјава на Стевановиќ доаѓа по самитот на НАТО, каде што лидерите на земјите-членки разговараа, меѓу другото, за поддршката на Украина и исполнувањето на обврските за зголемување на трошоците за безбедност и одбрана на пет проценти од БДП до 2035 година. Од тоа, 3,5 проценти за основни одбранбени потреби и 1,5 проценти за други инвестиции поврзани со безбедноста и одбраната, пишува словенечкиот портал 24ur.

Министерот за надворешни работи на Словенија, Тоне Кајзер, рече дека тоа е темел на безбедноста на Словенија. СД го опиша предлогот на Стевановиќ како обид за одвлекување на вниманието, додека левицата би го поддржала излегувањето на земјата од НАТО.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img