домаРегионСловенија на полноќ ги укинува граничните контроли со Хрватска и Унгарија

Словенија на полноќ ги укинува граничните контроли со Хрватска и Унгарија

- Advertisement -spot_img

По речиси три години привремени проверки, патниците повторно ќе можат да минуваат без гранични контроли меѓу Словенија, Хрватска и Унгарија, откако словенечката влада одлучи да ја укине оваа мерка.

Министерството за внатрешни работи и јавна администрација на Словенија потсети дека контролите беа воведени во 2023 година поради влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток и зголемениот ризик од терористички закани. Иако неодамна нивната примена беше продолжена до 21 декември годинава, властите сега одлучија да ги укинат, пренесува словенечката агенција СТА.

Одлуката следува по повикот на Европската комисија до деветте земји-членки на Шенген зоната, кои воведоа привремени гранични проверки, постепено да ги отстранат. Меѓу нив се и Словенија, Италија и Австрија.

Наместо проверки на патните исправи, словенечката полиција ќе применува други форми на надзор и следење на државната граница, со цел да се одржи безбедноста и истовремено да се овозможи подобар проток на сообраќајот.

Во меѓувреме, Италија неодамна донесе одлука да ги продолжи контролите на својата граница со Словенија, повикувајќи се на истите безбедносни причини.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img