9.8 C
Skopje
7 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаСлавески: Санкциите за руската нафта нема да ги влошат нашите прогнози за...

Славески: Санкциите за руската нафта нема да ги влошат нашите прогнози за инфлацијата

- Advertisement -spot_img

ММФ очекува дека просечната инфлација за годинава ќе биде 4 проценти, мислам дека ќе биде 0,1 или 0,2 процентни поени под тоа.

По американските санкции за руската нафта и гас, нивните цени забележаа скок, а ова предизвика стравување дали треба да се очекуваат нови повисоки цени на сите други продукти и подгревање на инфлацијата. Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески смета дека „ценовни потреси настануваат секогаш кога станува збор за санкции за руската нафта, но дека потоа ситуацијата се стабилизира“.

Има други производители што може да ја надополнат понудата на нафтата. Така, не очекувам во наредните месеци некоја поголема инфлација. Очекуваме да се остварат проекциите на Народната банка, очекуваме задржување на тренд на намалување на инфлација и до крајот на годината инфлацијата да биде пониска од 4 проценти. ММФ очекува дека просечната инфлација за годинава ќе биде 4 проценти, мислам дека ќе биде 0,1 или 0,2 процентни поени под тоа. Добро е да видиме тројка, тоа психолошки ќе влијае. Таргет е наредната година инфлацијата да се симне на 3-3,5 проценти – изјави Славески, одговарајќи на новинарско прашање во паузта на конференцијата за плаќања.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img