0.8 C
Skopje
18 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаСкопје, Струмица и Кичево меѓу најзагадените

Скопје, Струмица и Кичево меѓу најзагадените

- Advertisement -spot_img

Оваа глетка ги пречека утрово граѓаните во речиси целата земја, кога излегоа од своите домови. Македонија повторно се гуши во смог. Скопје утрово се најде на второто место во Европа на листата на градови со најзагаден воздух, веднаш зад Сараево. Според податоците на швајцарската апликација „Ај Кју Ер“, индексот на загаденост во Скопје во 10 часот достигна 154, што значи нездрав воздух и сериозен ризик по здравјето на граѓаните. Екологистите велат дека загадувањето е присутно преку цела година, а не само во зима. Татјана Стојановска од невладината О2 вели дека ништо од договореното лани, надлежните од град Скопје не исполниле.

Ништо подобро не е ниту во останатите градови во земјава. Лош воздух дишат и граѓаните на Битола, Велес, Кичево, Куманово, Тетово, Охрид, Струмица. Ова го констатира и новата апликација на Министерството за животна средина, која од денеска функционира. Само во првите 17 денови од декември, во Струмица, Кичево и Лисиче биле регистрирани 13 дена со надминување на дозволените вредности на ПМ10 честичките. Во Центар и Гостивар загадувањето траело 12, а во Велес и Кавадарци 11 дена. Лекарите предупредуваат дека ваквиот воздух може да предизвика сериозни здравствени последици, особено кај хронично болните, децата и повозрасните.

Концентрацијата на ситните ПМ2,5 честички, кои продираат длабоко во белите дробови и можат трајно да го оштетат здравјето, е далеку над препорачаните граници на Светската здравствена организација. Зимата дополнително го влошува проблемот поради користење нечисти горива за греење, но и поради согорување отпад, пластика и гума од страна на граѓани кои немаат други финансиски опции. Индустријата, градежништвото и сообраќајот остануваат меѓу најголемите загадувачи. Од Владата денеска без одговор што ќе се преземе за подобрување на состојбата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img