-8.2 C
Skopje
13 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаСкопјани по две години повторно со субвенции за инвертер клими

Скопјани по две години повторно со субвенции за инвертер клими

- Advertisement -spot_img

По две години, жителите на Скопје повторно ќе добијат финансиска помош за инвертер клима уреди, откако градоначалникот Орце Ѓорѓиевски синоќа ги завери решенијата за исплата на субвенциите, согласно Јавниот оглас на кој конкурираа граѓаните на Град Скопје.

„Доцна вечерва ги потпишав решенијата за исплата на субвенциите, согласно Јавниот повик на кој аплицираа жителите на Град Скопје. Со оваа мерка, се дава поддршка на домаќинствата кои вложиле во набавка на високоефикасни инвертер клима уреди во 2025 година, кои ќе донесат помали сметки, поголема енергетска ефикасност и значително подобри услови за живот. Со инвестирање во овие уреди, се прави важен чекор напред кон почиста и поздрава околина. Со намалена потрошувачка на енергија и пониско ниво на емисии, тие директно придонесуваат кон заштита на воздухот и создавање поеколошко и одржливо Скопје“, објави градоначалникот Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Градот Скопје, како што потенцираше Ѓорѓиевски, ќе ги рефундира трошоците за набавка на уредот во износ до 20.000 денари по домаќинство, во нето износ, а данокот на личен доход целосно ќе биде покриен од страна на Градот.

„Во периодот што следи, ќе продолжиме со нови јавни повици за субвенции, со цел да го олесниме секојдневието на нашите сограѓани и да го направиме нашиот град подобро место за живеење“, истакна Ѓорѓиевски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img