HomeХроникаСкопјанец натепан од таткото, чичкото и братучедите, татко и син велешани се...

Скопјанец натепан од таткото, чичкото и братучедите, татко и син велешани се напиле, па се степале… – пет пријави на семејно насилство во изминатите 24 часа

- Advertisement -spot_img

Лишени од слобода пет лица за семејно насилство, од вкупно пет пријави во Скопје, тетовско, Охрид, кичевско и Велес во последното деноноќие.

Од Министерството за внатрешни работи споделија детали за сите инциденти.

Синоќа околу 21:40 часот во СВР Скопје, 23-годишен маж пријавил дека околу 19:30 часот во дворот од семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од неговиот татко С.М., неговиот чичко Б.М. и неговите братучеди С.М. и Ф.М., кои употребиле и тврди предмети.

Вчера во 12:15 часот во тетовско село, полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане го лишиле од слобода Ш.Б.(31), постапувајќи по претходна пријава дека околу 11:45 часот физички ја нападнал неговата 54-годишна мајка и нејзиниот сопруг, кој се обидел да ја заштити, при што им се заканил и со остар предмет.

Вчера во 15:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Н.С.(44) од охридско, постапувајќи по претходна пријава дека околу 13:30 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 20-годишен син.

Исто така вчера во 16:20 часот во кичевско село, полициски службеници од ОВР Кичево ја лишиле од слобода В.В. (51) од селото. Преходно, во семејниот дом, по кратка расправија, таа била физички нападната од нејзиниот 65-годишен сопруг, кој употребил и тврд предмет, а потоа таа му возвратила со истиот предмет и му нанела повреди.

Синоќа во 19:50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 30-годишен велешанец и неговиот 58-годишен татко, постапувајќи по претходна пријава дека на ул.„Луј Пастер“ во Велес физички се пресметале. По преземени мерки било констатирано дека тие биле под дејство на алкохол, односно кај 30-годишникот биле измерени 3,62 промили алкохол во крвта, а кај неговиот татко биле измерени 1,31 промили алкохол во крвта.

„Тие биле задржани во полициска станица и известен бил јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави“, посочија од МВР.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img