6.8 C
Skopje
15 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeХроникаСкандал во операциона сала: Хирург ја напуштил сред операција – фатен во...

Скандал во операциона сала: Хирург ја напуштил сред операција – фатен во интимен чин со медицинска сестра

- Advertisement -spot_img

Во болницата Тејмсајд во Манчестер се случил скандал кој ја шокира британската јавност. Анестезиологот д-р Сухаил Анџум, оженет татко на три деца, за време на операција го оставил пациентот под општа анестезија и наместо во тоалет – се упатил во друга сала, каде што бил фатен во интимна ситуација со медицинска сестра.

Колеги откриле дека докторот ја напуштил операционата сала цели осум минути, а сведоци потврдиле дека сестрата била „со спуштени панталони“ додека тој си ја наместувал униформата.

По интерната истрага, Анџум бил отпуштен од болницата и се вратил во Пакистан, но пред дисциплинскиот трибунал во Британија изјавил дека се кае и дека направил „срамна грешка во проценката“. Тој нагласил дека никогаш повеќе нема да дозволи нешто слично да се повтори.

Иако судот утврдил дека ги ставил своите интереси над пациентот и колегите, бидејќи не бил загрозен животот на пациентот, не му е изречена никаква санкција.

Случајот предизвика лавина реакции во јавноста, особено по признанието на докторот дека имал сексуален однос со сестрата додека пациентот чекал на операционата маса.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img