-0.2 C
Skopje
22 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаСиндикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба...

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

- Advertisement -spot_img

Независниот синдикат на професионални војници соопшти дека на 20 јануари 2026 година поднел кривична пријава до надлежните институции против 14 припадници на Армијата на Република Северна Македонија.

Според соопштението на синдикатот, пријавата се однесува на сомневања за сторени кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување (член 353 од Кривичниот законик), злосторничко здружување (член 394) и несовесно работење во службата (член 353-в).

Како што наведуваат од синдикатот, пријавените лица се 11 офицери и три подофицери, вработени во различни единици на Армијата. Меѓу нив се командант на 1 пешадиска бригада, командант на 2 пешадиски баталјон, тројца вработени во ВП 7925 Петровец, тројца вработени во ВП 7925/13 Штип, како и шест членови на дисциплински комисии во ВП 7925 Штип.

Од синдикатот посочуваат дека пријавата се однесува на наводно предизвикана материјална штета врз припадници на Армијата и врз буџетот на државата.

Во соопштението се наведува дека синдикатот и во минатиот период апелирал за почитување на правата на професионалните војници и за доследна примена на Законот за служба во Армијата, но, според нив, без резултат.

Синдикатот информира и дека, како што тврдат, во моментов против нив и нивни членови постапуваат четворица генерали, за кои најавуваат дека ќе поднесат соодветни пријави во наредниот период.

Дополнително, од Независниот синдикат на професионални војници упатија апел до претседателката на државата и врховен командант на Армијата, Гордана Силјановска-Давкова, да ги преиспита одлуките за унапредувања и поставувања на одговорни воени позиции.

Како што наведуваат, ова е петта кривична пријава што синдикатот ја поднесува против вработени во Министерството за одбрана и Армијата, при што апелираат Основното јавно обвинителство да постапи по поднесените пријави.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img