Синдикатот на културата поднесе кривична пријава за министерот за култура Зоран Љутков за злоупотреба на сопствената положба и овластување и повреда на права од работен однос.
Според синдикатот досега има повеќе од 800 тужби од вработените во културата против институциите и државата а повеќе од 50 судски пресуди се во корист на синдикатот, од кои 8 се правосилни.
Вработените велат дека министерствот не ги почитува судските одлуки.








