Синдикален ѕид утре пред Владата – зградата на Илинденска број 2 ќе биде блокирана од 21 синдикалец. Од ССМ велат – бројката не е случајна.
Слободан Трендафилов – Претседател на ССМ
„Затоа што согласно закон тоа е законскиот минимум за да ја блокираме некоја институција или сообраќајница, 21 човек затоа што некој кажа дека ќе ги заокружуваат и оцрнуваат луѓето кои протестираат и дека на таков начин сакаат да упатат порака до секој еден кој смета дека треба да излезе на улица и да даде поддршка во борбата за зголемување на платите. “
Првиот човек на стопанската комора пак во однос на барањата на синдикатите денеска порача дека работниците не треба да ги бараат правата на улица туку преку дијалог со инситуциите.
Бранко Азески – Претседател на Стопанска комора
„Значи дајте да видиме да седнеме ние и нема потреба да ја оптеретуваме јавноста, тоа прашање е регулирано со закон и се седнува во март месец и се разговара за усогласување и одредени промени што треба да настанат. Тоа е значи апсолвирано. Ние сега наместо да седнеме во институциите да преговараме, седиме на улица“…
Од ССМ велат дека не се откажуваат и очекуваат утре на владината седница, работничките барања за повисоки плати да бидат прифатени. Во спротивно најавуваат уште еден протест, а потоа не се исклучува и можноста за генерален штрајк.








