домаМакедонијаСимптомите на западнонилската треска може да траат и до два месеца

Симптомите на западнонилската треска може да траат и до два месеца

- Advertisement -spot_img

Стивнува епидемијата на западнонилска треска, смирува министерот за здравство, Сашо Клековски, по осмиот починат на Клиниката за инфективни болести и новозаболени за прв пат во Куманово и Свети Николе.

– Во последните две недели, имаме два нови случаи на заразени. Состојбата не е поради заладувањето, туку како резултат на влијанието од преземените мерки – изјави Клековски.

На Инфективна во моментов се хоспитализирани шестмина, двајца се на распиратор, а четворица се во стабилна состојба. Директорот на Клиниката, Фадиљ Цана, вели дека и по закрепнувањето, симптомите кај оздравените може уште да траат.

Иако акутната фаза е завршена со опоравување, сепак, таа фаза може да трае со месеци, осносно прележаните да имаат уште симптоми, особено на нервниот систем и треба невролог да ги следи состојбите. Веќе е информирана Клиниката за неврологија за третман на прележаните од западнонилска треска, изјави Цана.

Инаку, вирусот годинава бележи најголем пораст во Македонија откако е првпат регистриран во неа. До 8 септември се евидентирани 58 случаи, а осум лица починале – стои во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со вирусот.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img