Земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди денес Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, 21 километар од градот Малатија, на истокот од Турција.
Досега нема официјални извештаи за повредени или материјална штета.
Според очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот бил силен, лустерите се нишале, а земјотресот бил почувствуван во Сирија и Кипар.
Граѓаните кои живеат стотици километри од епицентарот тврдат дека тресењето било силно, што може да се види во нивните видеа на социјалните мрежи.
Многу граѓани истрчале на улиците во паника и чекале втор потрес.
Малатија беше една од 10-те погодени провинции во разорниот земјотрес во 2023 година. Во тоа време, епицентарот беше во Пазарчик.








