2.8 C
Skopje
2 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeСветСијарто: Владата сака да ја направи Унгарија повторно голема

Сијарто: Владата сака да ја направи Унгарија повторно голема

- Advertisement -spot_img

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто во обраќањето на Генералното собрание на ОН истакна дека Владата во Будимпешта сака „да ја направи Унгарија повторно голема“, а формулата за тоа е заштита од војната во Украина, од илегалната миграција и од агресивната родова пропаганда.

Според него светот се соочува со војни, растечка закана од тероризам, етнички судири, ширење на екстремни идеологии, нуклеарно оружје, што укажува на тенденцијата за „повторна поделба на светот на блокови“.

– Унгарија се залага за мир и преговори за завршување на судирите, вклучително и Украина, посочи Сијарто, додавајќи дека војните не можат да бидат решени на бојното поле, туку на преговарачка маса.

Тој ја пофали улогата на претседателот на САД, Доналд Трамп во потенцијално мировното решени.

Сијарто се осврна и на миграцијта, потенцирајќи оти Унгарија пред десет години спречила влез на еден милион илегални мигранти со подигнување на ограда долж јужната граница.

– Владата на Унгарија троши милијарди долари за заштита на границата и е подготвена да плати казна на Европска комисија, но нема да дозволи влез на илегални мигранти, истакна Сијарто.

Тој говореше и за унгарската семејна политика.

– За Унгарија семејството сочинето од мајка, татко и деца е основа на општеството и се вложува околу пет проценти од бруто домашниот производ (БДП) за поддршка на семејствата, наведе Сијарто.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img