Изјавата што одекна низ целата НБА ја претвори серијата помеѓу Минесота и Денвер во многу повеќе од само плејоф натпревар. По триумфот на Минесота во вториот натпревар (119:114) и нерешениот резултат 1-1 во серијата, не беше само натпревар што дојде во преден план – туку и зборовите.
Младиот крилен играч на Минесота, Џејден МекДениелс, реши да го насочи прстот кон одбранбените слабости на своите ривали, директно апострофирајќи ги Никола Јокиќ, Џамал Мареј и Арон Гордон како цели за напад. Ваквата јавна изјава веднаш ја зголеми тензијата во серијата.
Кармело Ентони, поранешна ѕвезда на Денвер, не беше имун на ова, кој јасно испрати порака во емисијата „НБА шоутајм“ на Ен-би-си дека ваквите изјави имаат тежина што оди подалеку од теренот.
- Ова е разговор за возрасни. Не ги штедел зборовите, туку ги нарекол по име и презиме. Не само што кажа дека одбраната на Денвер е лоша туку покажа со прст кон Јокиќ, Мареј и Гордон. Кога ќе покажеш таква ароганција, тогаш војната е почната, рече Ентони.
Искусниот ас верува дека навредите дополнително ќе го разбудат лидерот на Нагетси.
- Ова сега е лично. „Џокерот“ седи таму и размислува: „Имам нешто за тебе“. Прашањето е дали Минесота може да го издржи тој интензитет бидејќи ова сега е шах, ова е војна. Тие победија во Денвер, полни се со самодоверба, но сега мора да го потврдат тоа. Ако не победат во третиот натпревар, целата приказна се менува, а пораката што ја испратија одекнува насекаде, заклучи Ентони.
Историјата на овие дуели, исто така, ѝ дава дополнителна тежина на целата приказна – Денвер и Минесота се среќаваат во плејофот по трет пат во последните четири години.








