Штипјанец синоќа ја убил мајка си во домот.
Според информации на телевизијата од Штип, „М Нет-ТВ“ лицето било во алкохолизирана состојба, а се уште не е јасен мотивот за убиството.
Полициски службеници и јавен обвинител излегоа на местото на настанот и се изврши увид.
Повеќе информации во врска со овој случај се очекуваат во текот на денот.









