HomeШоубизШок за купувач кој платил 195 илјади евра за одело на олимписка...

Шок за купувач кој платил 195 илјади евра за одело на олимписка ѕвезда – дознал дека е измамен!

- Advertisement -spot_img

На крајот на февруари, анонимен купувач издвоил неверојатни 195.000 евра за одело кое холандската ѕвезда во брзо лизгање Јута Лердам (27) наводно го носела за време на својата трка на Олимписките игри 2026 година. Сепак, сега се крена голема прашина околу овој скап предмет.Според германските медиуми, се утврдило дека портокалово-синиот костим не е оној што Лердам го носела во победничката трка на 1000 метри во Милано. Дури по завршувањето на аукцијата било откриено дека таа всушност не го носела тој костим на натпреварот.

По сè, се огласи и Холандскиот олимписки комитет:– Платформата „MatchWornShirt“ („MWS“), која неодамна во наше име ја организираше аукцијата на спортска опрема на холандскиот олимписки тим, го коригираше статусот на продаденото одело на Јута Лердам.

Комитетот дополнително појасни што точно се случило:„По истрага и консултации со сите вклучени страни, утврдено е дека станува збор за одело кое не е натпреварувачкото што Лердам го носела во трките на 500 и 1000 метри во Милано. Затоа, статусот на предметот е променет од „носено натпреварувачко одело“ во „олимписко одело за брзо лизгање“.

Сè уште не е познато чие точно одело е продадено, но купувачот со највисоката понуда е известен за новонастанатата ситуација. Сепак, без оглед на ова, приходот од аукцијата ќе оди во вистински раце и е наменет за развој на млади таленти во брзото лизгање во Холандија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img