Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби значајна поддршка од шкотската хуманитарна организација „Tartan Army Childrens’ Charity“ (TACC), која донираше 200.000 денари за подобрување на условите во клубот.
Со добиените средства е набавена нова самоодна косилка, која ќе овозможи значително полесно и поефикасно одржување на фудбалските терени и останатите спортски површини што ги користи клубот.
„Фудбал Старс“ работи со голем број млади фудбалери од Кочани и околните населени места, а новата опрема директно ќе придонесе за подобри услови за нивните секојдневни тренинзи и натпревари.






