„Ова е важен натпревар за сите нас, за клубот. Историски е ова е нашето деби во Конференциската лига. Исто така, е исклучително што ќе играме против екипа од еден многу респектиран шампионат“, рече Беќири проговори и за противникот.
„Верувам дека не би било коректно да издвојам еден фудбалер на Рајо Ваљекано, затоа што имаат многу квалитетни играчи и би сакал да ги почитувам сите. Што се однесува до играта, тие се агресивни, играат модерен фудбал и атмосферата што се создава овде на стадионот секогаш е извонредна.“
„За нас е важно да имаме добра игра, да се обидеме да го дадеме максимумот. Вистина е дека не сме се соочиле со тимови од вакво ниво, од ваква лига каква што е Ла Лига, која според мене е најсилниот шампионат во светот.“
Натпреварот во Мадрид ќе започне во 18:45 часот. За жал пренос нема да има ниту на МРТ ниту на Arena, туку на албанскиот канал Super Sport кој не се емитува во Македонија.







